Промени тема
Контакт

Пендаровски на средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-1-1-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, на која се разговараше за тековните активности на агенцијата, насочени кон промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година и можностите што ги нуди, како и за предизвиците поврзани со димензионирање на буџетската рамка за нашата држава.

— реклама —
— реклама —

На средбата беше разговарано за можностите за соработка меѓу агенцијата и Претседателскиот центар за политичко образование, во функција на реализација на приоритетите на програмата: инклузија и разновидност, дигитална трансформација, животна средина и борба против климатски промени.

— реклама —

Претседателот Пендаровски на средбата ја истакна важноста на активностите на агенцијата и организациите корисници на програмата, во насока на обезбедување подобри услови и перспективи за нашите млади, како и потребата да продолжи вложувањето во младите, како носители на развојот во општеството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања