Промени тема
Контакт

Пендаровски на средба со Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-5

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија, во пресрет на Светскиот ден на дијабетес - 14 Ноември, којшто во нашата држава се одбележува под покровителство на Претседателот.

Претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари го информираа претседателот Пендаровски за досегашната работа и ги посочија предизвиците со кои се соочуваат. Тие го запознаа претседателот Пендаровски со приоритетите во нивната програма насочени кон реализација на Национална програма за дијабетес 2020 – 2030, воспоставување на функционален Национален регистер на лица со дијабетес и заокружување на процесот за најсовремен третман на дијабетес со набавка на современи дигитални медицински помагала.

— реклама —

На средбата, соговорниците разговараа за состојбата во нашата држава, при што беа посочени загрижувачки податоци кои покажуваат дека од 125.000 пациенти со дијабетес, над 45.000 примаат инсулинска терапија. Од нив, 500 се деца со дијабетес Тип 1. Според Сојузот, порастот на бројот на заболени се должи на забрзаното темпо на урбанизација, седечкиот начин на живот, како и лошата исхрана.

— реклама —

Од Сојузот истакнаа дека во последните години имаат добра соработка со надлежните институции, како и со клиниките кои го третираат дијабетесот и компликациите од него.

— реклама —

Честитајќи го 20 годишниот јубилеј од постоење на Сојузот, Претседателот Пендаровски оддаде признание за нивните напори за подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес. Претседателот Пендаровски порача дека освен зголемување на свеста, неопходно е во нашата држава да се ангажираат сите потребни ресурси во справување со дијабетесот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања