По потпишувањето на свечената изјава, новиот претседател Стево Пендаровски, рече дека како претседател ќе се залага за ЕУ и НАТО, а ќе има нулта толеранција за криминалот. Тој вели дека со економски политики ќе треба во наредниот период, да се за задржат младите во Македонија.
„Основниот критериум на мојот ангажман ќе биде дали ќе бидам претседател на сите граѓани или само на оние кои ме поддржаа. Се обврзувам да бидам претседател на сите граѓани, на оние кои гласале за мене, но и за оние кои не гласале“, рече Пендаровски.
Во делот на Армијата, новиот претседател рече дека професионално ќе се однесува, а ќе се постапува според законите.
„Најголем проблем е однесувањето на власта и опозицијата. Во овој дел ќе барам политичка одговорност и јавно кажаните зборови да се одговара, оти прави граѓанска разнебитеност. Нашата држава во наредниот период има најголеми приоритети, поголеми економски остварувања и нулта толеранција за криминалот“, додаде Пендаровски.
На крајот, рече дека ќе се залага граѓаните да се сплотени, а медиумите да бидат целосно независни.