„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-7

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

— реклама —

— реклама —

„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници - САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, порача претседателот Пендаровски.

— реклама —

„Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права, кои ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам, во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност.

Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на Обединетите Нации, или по конфликтот во 2001-та, кога бевме домаќини на три операции на НАТО, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но, во 2002-та, тоа стана реалност. Од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста. Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука.

Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но, кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно. Почнавме скромно, со испраќање на два штабни офицера во Меѓународните безбедносни сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти. Учествувавме во заеднички состави со мировници од Турција и од Обединетото Кралство, испративме контингент во состав со Националната гарда на Вермонт од САД. Имавме медицински тимови во состав на грчката, чешката и норвешката полска болница и заедно со земјите од Jадранската Повелба“, истакна Претседателот и додаде:

Верувам дека искуството стекнато за време на вашиот ангажман во оваа мисија од вас направи не само подобри војници, туку и подобри луѓе. Посакувам и во иднина да продолжите да ја претставувате својата татковина, својот народ и достоинството на нашата армија во најдобро можно светло, каде и да сте.

Изразувам голема благодарност и до сите мировници од целиот свет, во сите меѓународни мировни мисии и им оддавам почит за нивниот придонес за помирен и побезбеден свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања