Пендаровски: Не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pendarovski4

Првпат Македонците и Албанците на претседателски избори во Северна Македонија ќе имаат заеднички кандидат, Стево Пендаровски, кој порачува дека рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава е да се обезбеди поддршката на сите етнички заедници и мнозинството граѓани, пишува белградскиот весник „Политика“.

— реклама —

– Имам поддршка од 31 политичка партија и не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ, бидејќи во коалицијата која ме поддржува има и три други политички партии на Албанците, како и политички партии на Србите, Турците, Бошњаците, Ромите и Власите. Гаранцијата за успех никогаш не може да биде 100 процентна, бидејќи многу работи зависат од кандидатот и кампањата, но рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава, како што е Република Северна Македонија, е всушност да се обезбеди поддршка од сите етнички заедници и мнозинството граѓани, изјави Пендаровски во интервју за „Политика“.

Пендаровски, кој е национален координатор за НАТО во кабинетот на премиерот Зоран Заев, истакна дека зголемениот интерес на големите сили за Балканот има врска со аспирациите на Црна Гора и Северна Македонија за членство во НАТО, на што се спротивставува Русија.

— реклама —

Тој очекува дека со влезот на Северна Македонија во Алијансата тензиите ќе се намалат, а тогаш Скопје ќе може поинтензивно да ги подобри односите со Москва.

– На линија со клучните меѓународни фактори од двете страни на Атлантикот, идниот одговор меѓу Србија и Косово треба да ја зајакне, а не да ја ослабне регионалната стабилност. Треба да се затвори тој вековен проблем, но притоа да не се отвори друг проблем, смета Пендаровски.

Тој нагласи дека меѓу Србија и Северна Македонија не постојат отворени политички прашања, а економската и трговската размена имаат констатно позитивен раст.

– Има простор за унапредување на економските односи. Оптимист сум дека во годините кои се пред нас на тој план ќе имаме голем напредок, имајќи предвид дека сите имаме иста целта – подобар живот за сите наши граѓани, нагласи Пендаровски во интервјуто за српскиот весник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања