Пендаровски: Не знам зошто историјата е толку важна за Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
PRSM-Pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски во изјава за „Еуроњуз“, говорејќи за актуелни прашања поврзани со односите со Бугарија, посочува дека „сè уште се бори да најде оправдување зошто настаните што се случиле во далечното минато имаат толку несразмерно влијание врз судбината на неговите граѓани денес.

— реклама —

-Не можам да му објаснам на просечен македонски гласач или граѓанин зошто е важно за влезот во ЕУ – организација основана во 1957 година, во 20-иот век – каква етничка припадност имал Гоце Делчев или некој друг херој-основоположник, како цар Самуил пред десет века, вели претседателот.

— реклама —

И додеката дебатата за македонскиот идентитет што доведе Бугарија да стави вето на пристапот на нејзиниот сосед во ЕУ, која, како што се посочува во написот на Еуроњуз, влезе во третата година, македонскиот претседател вели дека сè уште верува оти новоизбраните премиери Петков и Ковачевски можат да го решат ќор-сокакот, како „млади луѓе кои доаѓаат надвор од политичкиот мејнстрим [кои] зборуваат различен јазик”.

— реклама —

Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата, потсети Пендаровски.

-И потоа, одеднаш – сè уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа – почнаа да зборуваат за историјата, за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, бевме фатени во тесно и неподготвени… Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, за тоа зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не ѝ се случило на ниту една друга земја кандидатка за членство во ЕУ, рече Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања