„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Пендаровски очекува поубедлива победа на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

„Денешниот изборен ден, во вториот изборен круг, почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски, транспарентни избори, како што и приличи на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

— реклама —

Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат.

Мојата надеж е дека најголемиот дел од нив ќе го препознаат концептот за кој се залагам изминатиот месец, месец и половина во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат да го поддржат концептот кој значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Северна Република Македонија, за сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност“, рече кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања