ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Пендаровски: Посебно ми е е драго што зад мене застануваат и три политички партии на етничките Албанците кои се дел од владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_5428

Сакам најискрено, да ви се заблагодарам на изборот кој го направивте денеска. За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 политичка партија, од претставници на сите етнички заедници, но и претставници на многу наши граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, а на кои, нашата Македонија им лежи на срцето, истакна Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија.

— реклама —

Пандарвски додаде: Посебна благодарност сакам да изразам до политичката структура, до СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.

— реклама —

Чувствувам во оваа ситуација, во овој момент, посебна одговорност, јавно, да им се заблагодарам на останатите кандидати за начинот на кој се презентираа себе си во изминатиот период, максимално достоинствено, без потценувањена останатите и без да го разнишаат,ниту за милиметар, политичкиот проект со историски пропорции, за кој се бориме заедно, со години.

И Радмила, и Оливер, и Никола, се прво мои пријатели со години, а дури потоа соборци за истата кауза. Апсолутно сум убеден дека тоа така и ќе остане и кога никој од нас повеќе нема да биде во политиката.

Посебно ми е е драго што за прв пат во независна Македонија, пред избори, зад мојата кандидатура застануваат и три политички партии на етничките Албанците кои се дел од владата, а и оние во опозиција, иако ќе одат со свој кандидат, немаат приговор за моите ставови за меѓуетничката толеранција и улогата и местото кое Албанците мораат да го имаат во заедничката држава.

Денес, мене, вие ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што се пред нас имам намера да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот на сите наши граѓани. Денес сме 5 години постари, (особено некои од нас), но, ве уверувам дека ја имаме истата страст и енергија како и во 2014-та, да покажеме дека во овие турбулентни времиња, на овој дел од Балканот, токму оваа политичка опција и токму овие луѓе најдобро го разбираат историскиот контекст и сакаат, конечно, да го заокружат проектот на интегрирана, демократска и мултиетничка Република Северна Македонија.

На 21 април и на 5 мај нема да се решава за нечија политичка кариера, тоа ќе биде најмалку битно. Далеку поважно е да покажеме дека во една мултиетничка држава на Балканот е возможно, луѓе од различни етникуми да се обединат зад исти цели – членство во евроатлантските интеграции, закони кои ги унапредуваат правата на граѓаните, и политички претставници кои ги надминуваат и поминуваат вековните етнички линии на поделба, истакна Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Северна Македонија .

a-x-T6jz5Mc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања