ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пендаровски: Разочарани сме од ЕУ, се надевам дека ќе добиеме датум за преговори до октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pednarovski-696x464

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не очекува пресврт од грчка страна во однос на Преспанскиот договор, но очекува, како што вели, малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот, особено во делот на трговските ознаки на производите од северниот дел на Грција и од Македонија.

— реклама —

-Не очекувам пресврт. Очекувам веројатно малку поригиден став во однос на имплементацијата на договорот. Значи да појаснам или преведам – не очекуваме опструкција од новата грчка Влада, сега во октомври, кога треба наводно да се донесе конечна одлука за отварање на преговорите, за датум на преговорите. Меѓутоа, се разбира дека очекувам поради нивниот познат политички став од претходно, дека наредниве месеци и години, во рамки на преговорите по различни поглавја, ќе бараат стриктна имплементација на некои одредби од Договорот од Преспа, особено во делот на трговските ознаки. Имаме посебна комисија формирано која треба да ги означува сите продукти кои излегуваат од северниот дел на Грција и од Северна Македонија и можеби во тој дел ќе бараат поригидна имплементација на договорот, кој е инаку јасен и во тој сегмент, вели претседателот Пендаровски во интервју за Телевизијата N1, за време на неговото учество на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, одржан во Сараево.

Во врска со процесот на пристапување на земјава во ЕУ, тој вели дека е свесен оти Европската унија се бави сама со себе, но дека таа мора да знае дека ние на Балканот сме 30 години во транзиција и мораме да видиме светло на крајот од тунелот.

— реклама —

Тој во интервјуто порачува и дека очекува Северна Македонија наесен да ги почне пристапните преговори за членство со ЕУ.

-Објективно сите ние во Северна Македонија сме малку разочарани од тоа двојно говорење од страна на Европската унија како целина. Минатата година во Софија на Самитот, ние имаме чиста, кристална формулација дека Република Северна Македонија и Албанија ќе почнат преговори, односно ќе добијат датум за преговори во јуни 2019 година. Тоа не се случи. Ние сме уверувани од највисоките германски официјални лица дека тоа е само техничко одлагање на процесот и ние тоа го прифаќаме. Ќе чекаме на септемвриската одлука на германскиот Бундестаг и на октомвриската на целата Европска унија. Меѓутоа, го поставуваме прашањето – што ако во меѓувреме некој друг Парламент исто, од технички причини, го одолговлече процесот, бидејќи таму имате одлучување на принцип на консензус. Една држава е доволно да каже не и ние имаме повторно одлложување, вели претседателот Пендаровски

Претседателот го повторува неговиот став искажан на самитот во Сараево, дека внатрешната трансформација на ЕУ и пристапните преговори со земјите-кандидати треба да се одвиваат паралелно.

-Јас коментирав одлуки и во говорот сега, овде во настапот, на некои европски политичари кои заговараат прво внатрешна трансформација на ЕУ, па после проширување. Меѓутоа, Европската унија од својот почеток до денес, секојпат во паралела ги водела тие два процеси. Значи може и вие да дискутирате за внатрешната структура или подобри процедури за решавање на тие проблеми кои очигледно ги имаат, Европската унија не е со 12 членки, има 28, меѓутоа во исто време да се проширува. Ние не зборуваме за полноправно членство на Северна Македонија, па дури ни на Црна Гора која преговара, ниту на Србија која преговара. Ние зборуваме за нас, за шанса да почнеме преговори. Знаете зошто? Затоа што ние, јас тоа го кажувам на многу приеми, на многу форуми, на многу мои јавни настапи и тоа не звучи добро кај некои националисти на Балканот, меѓутоа тоа е факт – ние немаме големо демократско искуство во регионот, посебно Северна Македонија. Ние сме од ‘91 година формална демократија, ние мораме да имаме некој екстерен евалуатор во ликот и делото на неколку стари членки на Европската унија за да можеме во клучните реформи, во правосудството, медиумите, во администрацијата, во политичкиот систем, да направиме такви реформи, следејќи ги најдобрите европски практики. Инаку, сами со себе нема далеку да дотуркаме. Затоа ни треба Брисел и системот на преговори. Значи ние одиме во реформи многу побрзо ако некој од надвор ни вели – ова се европски стандарди и на крајот на процесот мора да штиклира, да каже ова е завршено или ова не е, па те враќа назад. Инаку знаете, ако балканците ги оставиш сами на себе да се реформираат, тој процес ќе трае ужасно долго, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за телевизијата N1.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања