„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Пендаровски се прогласи за претседател: Излеговме од дното, ќе служам на секого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pendarovski

Стево Пендаровски на почетокот на прес-конференција ја започна на македонски и албански, со што им се заблагодари на сите кои гласале за него.

— реклама —

„Ова беше нашиот мудар народ. Оваа победа денеска е победа на мнозинството граѓани на Северна Македонија, која без разлика на етничка припадност се обедини и рече 'Заедно напред, никогаш повеќе режим'. Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од овие претседателски избори значи загарантиран пат напред како луѓе, семејство, држава. Излеговме од темното дно и оваа придобивка да си ја чуваме и развиваме. Исходот е поголем успех затоа што овие избори се победа на заедништвото. Победата на овој концепт носи иднина за Северна Македонија и наша карта за Европа. Доказ дека само стабилност, безбедност и прогрес се можни кога сме обединети. Ќе стојам зад секој чесен граѓанин, ќе обединувам и нема да делам. Ќе бидам претседател на сите. Ќе забележувам, ќе критикувам. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните, а знам дека успех е можен со искрен пристап, соработка и трпение“, рече Пендаровски.

Пендаровски му се заблагодари на Заев за поддршката, но и на против кандидатите Блерим Река и Гордана Силјановска-Давкова.

— реклама —

„Сакам да ви ветам една работа, ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите ни тука, ни во странство. Ви благодарам на поддршката“, додаде Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања