Промени тема
Контакт

Пендаровски со честитка по повод празникот Свети Сава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани од српска националност,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија - Свети Сава и да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

— реклама —

Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Северна Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење.

Почитувани,

— реклама —

Посакувам мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мир, хармонија и благосостојба.

— реклама —

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава.

Стево Пендаровски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања