Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пендаровски со сопругата оди во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од денеска – 20 септември 2021 година, понеделник, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Претседателот Пендаровски на 23 септември 2021 година, четврток, ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж - опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

— реклама —

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

— реклама —

Претседателот Пендаровски во Њујорк ќе учествува на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, како и на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“

— реклама —

Во рамки на активностите во Њујорк, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем, како и со претставници на дијаспората.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претставници на Македонија2025 и со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство, ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија и ќе го посети училиштето за деца со посебни потреби Jesse J. Kaplan.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања