„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Пендаровски: Во мојот мандат нема да амнестирам криминалци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-2-2

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина во Ѓорче Петров, говореше за евроатлантските интеграции, за иднината на младите, за концептот-едно општество за сите.

— реклама —

„Пред две години дојде нова генерација политичари, меѓу кои се сметам и јас, кои не се грижеа за политичкиот рејтинг туку  работеа да ги отворат вратите за младите да имаат поубав живот и стандард. Направивме чекори кои не донесоа поблиску до Европа. Склучени се договорите со Бугарија и со Грција, ако продолжиме ќе добиеме  датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е  голем успех бидејќи овие политичари водат  сметка  не за партијата, туку за народот. За нас најважната партија е Република Северна Македонија“, рече Пендаровски.

— реклама —

Потсети дека зад неговата кандидатура застанале граѓаните, пратеници и 30 политички партии од сите етнички заедници.

— реклама —

„Неколкумина украдоа се,  ги наполнија торбите и заминаа и уште се бориме со финансиската руина која ни ја оставија. Многу сме блиску до мнозинство за  Закон за СЈО за да се продолжи со гонењето  на криминалците  кои треба и да ги вратат парите на народот. Во Кабинетот на оној  кој се уште е таму, пристигнале барања за амнестија за упадот во Собранието. Ветувам, во мојот мандат нема шанса да амнестирам криминалци, особено не на оние кои сакаат да убиваат граѓани“, рече Пендаровски.

Пендаровски  рече дека Иванов 8 години бил нем посматрач а последните две години кочи се што власта прави за доброто на народот. Вети дека се ќе биде поправено во првите денови на неговиот мандат и ќе му биде вратено на народот она што му припаѓа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања