Пендаровски за случајот на Камчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendarovski-1

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, во гостување во Дневникот на ТВ Сител, зборувајќи за случајот со Орце Камчев, кој стигна и до Евроспкиот суд за човекови прав, истакна дека Македонија не може да си дозволи такви грешки уште не влезена во Европската унија.

— реклама —

„Јас очекувам нашите органи, Министерството за правда, тоа да го испитаат до крај. Ако е тоа така, тоа зборува многу лошо за државата во целина. Нас, освен бугарскиот спор, по кој станавме за жал познати во цела Европа и во светот, не би смееле да си дозволиме, во нашето портфолио уште пред да почнеме да преговараме, такви, ако се воопшто направени, aматерски грешки“, истакна Пендаровски.

— реклама —

Претседателот изјави дека вакви кршења на човековите права се евидентирани од Омбудсманот, и дека бележат и благо покачување во последната година и покрај пандемијата.

— реклама —

Тој додаде дека, сепак, Европскиот суд на човекови права, и покрај тоа што има надлежност да бара забрзување или забавување на постапката, во зависност од нејзините околности, сепак нема право да бара промена на мерката притвор во куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања