Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени.
„Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментот важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од судот“, стои во соопштението.
Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации и додава дека каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.