Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

ОО
media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Три младински проектни идеи од Охрид ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум, откако беа избрани меѓу петте предлози презентирани во рамките на проектот „ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјална инклузија“.

— реклама —

Како што информира Перчо Божиновски, презентациите се одржале во Младинскиот центар, во организација на „Институт ОХРИД“, пред комисија на локалната самоуправа, во која учествувале и Божиновски, советничката Билјана Коталески и Стефан Здравевски од Секторот за туризам и локален економски развој.

— реклама —
— реклама —

Во активноста учествувале пет тима од сите четири средни училишта во Охрид. Учениците ги истражувале потребите на локалната заедница, анализирале конкретни проблеми и развивале предлози за нивно решавање.

Првото место го освоија учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ со проектот „Охрид на големо платно“, додека второто и третото место им припаднаа на учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со идеите „ЕКО Канти“ и „Пријави проблем низ градот“.

— реклама —

Проектот има цел да го поттикне активното учество на младите во општествените процеси, да ги охрабри да предлагаат иновативни решенија за локалните предизвици и да го вклучи нивниот глас во креирањето на јавните политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 3 дена

— реклама —
markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 4 дена

media-library97kv8qhuab0i2Fx67P5

Свечена академија „Од идеја до независност“ по повод 23 Октомври

ОО | пред 1 седмица

media-libraryevvj1eo1c2vaat2cfIo

Охрид достојно го одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања