Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Пешачки зони во централното подрачје, ветува Котлар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
kotlar

Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вечерва во емисијата ,,Само вистина” на телевизија Канал 5 дебатираше со својот противкандидат од СДСМ, Горан Герамимовски.

— реклама —

Котлар рече дека неопходно е самиот град Скопје да си преземе мерки во регулирањето на сообраќајниот хаос особено на главните булевари, кои се под надлежност на град Скопје.

-Она што мене најмногу ми пречи е што нема ниту една населба, ниту една улица каде што граѓаните нема да ви се пожалат дали за квалитетот на улицата или за надвиснатите згради кои веќе во моментот се во градба. Во должината на Васил Ѓоргов толку се начичкани зградите што имаме згради под остар агол, само што не си влегуваме едни во други.

— реклама —

Меѓутоа, кога ќе забележите долу веднаш наговестува дека тоа ќе бидат деловни простории, а не забележувате место за паркирање. Мислам дека најголемиот дел во овој дел од од градот, општина Центар е местата за паркирање. Затоа кога зборувам за СТОП бетонизација мислам на конкретно анализирање на ДУП-овите затоа што таму ги имаме сите параметри дали ни треба јавна институција, социјална, културна па и стамбена и затоа мора да ги анализирате сите нешта кои нема да ви создадат проблеми. – рече Котлар.

Котлар потенцира дека она што сега се случува во општина Центар е непроток и не дозволува движење на возилата и дека потребно е едносмерни улици и создавање на пешачки зони од Градскиот парк во правец на плоштадот кон Триумфалната порта и сите оние придружни улички кои доаѓаат од Дебар Маало, Капиштец и делот од Буњаковец да бидат со дозволена брзина од 30км/ч и да можат да бидат повеќе пешачки зони за да може плоштадот да биде место за културен и социјален живот како во другите метрополи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања