Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Песков ги демантираше шпекулациите: Путин не испратил порака до Зеленски преку Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ ги демантираше шпекулациите дека српскиот претседател Александар Вучиќ пренел порака од рускиот претседател Владимир Путин до украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Киев.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не испратила никакви пораки преку Вучиќ.

„Не, не пренесовме никакви пораки“, изјави Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали руската страна му испратила порака на Зеленски преку српскиот претседател.

— реклама —

Осврнувајќи се на можноста Србија да посредува во украинскиот конфликт, Песков нагласи дека Белград досега не бил вклучен во какви било посреднички напори.

— реклама —

„До овој момент Србија не беше вклучена во посредничките напори за решавање на украинскиот конфликт“, рече тој, одговарајќи на прашањето дали Москва гледа можност Србија да стане посредник во контактите не само со Киев, туку и со Европската Унија.

Претходно денеска, српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека пристигнал во Киев, каде што учествува на Самитот „Југоисточна Европа – Украина“, а предвидена е и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Вучиќ уште во март 2022 година го понуди Белград како неутрална локација за мировни преговори меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека Србија не сака да се меша во конфликтот, но е подготвена да биде домаќин доколку двете страни проценат дека тоа е најсоодветното место за дијалог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

(Видео) Американските пратеници пристигнаа во Москва, Путин ќе ги прими

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Русија ја проширува листата на „непријателски земји“, мерките сега ги засегаат и граѓаните

Свет | пред 1 ден

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Литванскиот претседател предупредува: Путин сè почесто ги тестира границите на НАТО

Свет | пред 5 дена

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања