Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Песков ги отфрла обвинувањата дека Русија би го нападнала НАТО преку Белорусија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија разгледува можност за напад врз некоја членка на НАТО од територијата на Белорусија.

— реклама —

Зеленски во петокот изјави дека Русија се обидува подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната во Украина и дека разгледува планови за напад врз северниот дел на Украина или врз некоја земја членка на НАТО од белоруска територија.

„Таквата изјава не е ништо друго освен обид за дополнително поттикнување тензии со цел продолжување на војната и ескалација. Не сметаме дека таквата изјава заслужува каков било коментар“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

— реклама —

Белорусија на југ граничи со Украина, а на север и запад со членките на НАТО – Полска, Литванија и Летонија.

— реклама —

Властите во Минск ѝ дозволија на Русија да ја користи белоруската територија како појдовна точка за инвазијата врз Украина во 2022 година, а во земјата е распоредено и руско тактичко нуклеарно оружје.

Белоруското Министерство за одбрана денеска соопшти дека вооружените сили на земјата, во соработка со Русија, започнале воена вежба за проверка на подготвеноста за распоредување нуклеарно оружје.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека вежбата не е насочена против ниту една држава и не претставува безбедносна закана за регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 23 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 1 ден

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања