Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm
Илустрација / Скопје1

Пет малолетни деца од Велес се извадени од семејниот дом и предадени на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“, откако полицијата и социјалните служби констатирале дека во домот немало основни услови за нивно живеење и одгледување.

— реклама —

Полицијата ги лишила од слобода Ѓ.Ш. (33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, по претходна пријава за запуштање и малтретирање дете.

Полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде што престојувале родителите и нивните пет малолетни деца.

— реклама —

При увидот било констатирано дека немало основни услови за живот и одгледување на децата.

— реклама —

За случајот бил известен јавен обвинител, а со родителите бил извршен службен разговор.

Децата, во содејство со инспектор за малолетници и социјални работници, најнапред биле однесени во Општата болница Велес за да се утврди нивната здравствена состојба, по што биле предадени во „СОС Детско село“.

— реклама —

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 13 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 13 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања