Зголемувањето на внесот на протеини не мора да значи купување скапи додатоци во исхраната или специјализирани производи. Нутриционистите посочуваат дека некои конзервирани намирници претставуваат одличен и достапен извор на протеини, а притоа се практични и подготвени за консумирање.
Според препораките на диететичарите, меѓу најдобрите избори се сардините, туната, пастрмката, пилешкото месо и чилито во конзерва.
Сардините се издвојуваат како една од најхранливите намирници, со околу 23 грама протеини по конзерва. Освен тоа, тие се богати со омега-3 масни киселини и калциум, а содржат и помали количества жива во споредба со поголемите видови риби.
Конзервираната пастрмка, како и лососот, обезбедува квалитетни протеини и омега-3 масни киселини. Една порција содржи околу 15 грама протеини и претставува добра алтернатива на почесто консумираните риби.
За оние што сакаат уште поголем внес на протеини, конзервираното пилешко месо е одличен избор. Конзерва од околу 140 грама може да содржи и до 32 грама протеини, а бидејќи месото е веќе подготвено, значително го скратува времето за подготовка на оброците.
На листата се најде и чилито во конзерва, кое во зависност од производителот може да обезбеди околу 15 грама протеини по порција. Дополнителна предност е што содржи и растителни влакна, особено ако е подготвено со грав.
Туната останува еден од најпопуларните избори кога станува збор за брз и хранлив оброк. Една конзерва може да содржи повеќе од 20 грама протеини, а истовремено претставува добар извор на омега-3 масни киселини.
Нутриционистите советуваат овие намирници редовно да се вклучуваат во исхраната како едноставен, практичен и економичен начин за зголемување на дневниот внес на протеини и одржување на чувството на ситост.