Промени тема
Контакт

Пет лица уапсени – директорот на Агенцијата за финансиска го фатиле на лице место како зема мито од 400 евра, а требало да добие вкупно 50.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA
ФБ

Пет лица се уапсени во акција спроведена под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), соопштија од Обвинителството. Меѓу приведените е и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

„Вчера во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар и полициските службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица“, наведуваат од Обвинителството.

— реклама —

Првосомничениот, управител на приватна фирма, се товари за продолжено кривично дело „давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание, а тројца посредници – меѓу кои даночен референт од УЈП и државен службеник од Министерството за земјоделство – за „примање награда за противзаконито влијание“. Петтото лице, според Обвинителството, сторило продолжено кривично дело „примање поткуп“.

Сомневањето е дека управителот на фирмата, од февруари годинава до денот на апсењето, во повеќе наврати директно или преку посредници му ветил подарок – 50.000 евра – на директорот на Агенцијата, за да обезбеди потпишување на договор за користење на финансиски средства од ИПАРД програмата, иако неговото правно лице не ги исполнувало условите на јавниот повик.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден, директорот го потпишал договорот и примил дел од ветените пари – 400 евра, кои биле пронајдени и одземени при претресот, стои во соопштението.

— реклама —

Обвинителството смета дека се исполнети условите за определување мерка притвор и предложи судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да ја одреди за сите осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

potkup-e1508078325251

Му побарала 300 евра за да му напише шестка - детали за професорката која бараше пари од студент: обвинителството бара забрана за предавање

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Осомничени за земање 8.000 евра за влијание врз судии добија мерки на претпазливост

Свет | пред 4 месеци

evra-falsifikat

Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt4lvo4c79hdpecxc0Dc

Претреси кај апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој го поврзуваа со уапсениот Стафа за мито

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања