Силувањето е страшно, ужасно злосторство кое секаде во светот погодува огромен број на жени. Секој присилен сексуален чин е своевиден пекол за жените, но овие силувања ги оставиле сите без текст.
Банда се изживувала врз девојчиња

16-годишната Елизабет Пена и две години помладата Џенифер Ертман, одејќи кон дома одлучиле да минат преку железничкиот мост. Налетале на банда која била под дејство на алкохол и токму во тие мигови примала нов член во своите редови. Несреќните девојки биле грабнати и брутално силувани еден час. Откако ги искористиле, криминалците ги убиле тинејџерките. Нивните тела биле пронајдени бидејќи еден член на бандата се фалел со ова ужасно злосторство.
Казната за ова дело била тешка: Од шест лица кои биле осудени за ова дело, петмина биле осудени на смрт.
Девојка се убила од мака

Рете Персонс била силувана кога имала само 15 години. Како самиот чин да не бил доволен, злосторниците фотографиите од злосторството ги поставиле на социјалните мрежи. Поради коментарите и однесувањето на Фејсбук, девојката си го одземала животот. Силувачите биле обвинети и за снимање на детска порнографија.
Силувале 5-годишно девојче до смрт
5-годишно девојче било силувано во Индија кога двајца мажи ја намамиле на една фарма и ја злоставувале до смрт. Детето паднало во кома и починало од срцев удар два дена подоцна. Мажите биле уапсени и' им било судено, а за ужасот да биде поголем, тоа било втор случај на силување на 5-годишно дете во Индија истата седмица.
Ја запалиле жива и ја оставиле да умре

Оксана Макар на 18 години преживеала пекол. Откако го преживеала бруталното силување од страна на тројца мажи, измачената девојка станала и жртва на изопачените умови кои прво се обиделе да ја задават, а потоа и ја запалиле жива. Иако била пронајдена на едно градилиште, повредите кои ги имала биле премногу сериозни и докторите не можеле да ја спасат.
Според зборовите на BBC силувачите биле уапсени, но заради семејните врски, двајца од нив биле ослободени без обвинение. По бурните реакции на јавноста, повторно биле уапсени и осудени за силување и убиство.
Силувањето кое го ужасна светот
Индија поради честите напади врз жените добила статус на земја во која силувањата се како "добар ден". Едно од тие силувања го ужасна целиот свет.
23-годишна студентка била групно силувана во автобус минатиот декември, додека нејзиниот пријател бил претепан. Несреќната девојка била силувана од 6 мажи, меѓу кои и возачот. Додека девојката била злоставувана, автобусот со часови возел низ градот. Потоа, девојката и нејзиниот пријател биле исфрлени од автобусот со скршени нозе. Од внатрешните повреди, девојката починала.
извор: tocka.com.mk