Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пет намирници што природно ја подобруваат апсорпцијата на витамин Д

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryun0f2djifqkefatcKmF
unsplash

Внесувањето витамин Д во комбинација со одредени намирници може значително да ја подобри неговата апсорпција во организмот, особено ако се консумира со храна богата со здрави масти, пишува „Хелт“.

Витаминот Д е важен за здравјето на коските, имунолошкиот систем и доброто расположение, а експертите препорачуваат во секојдневната исхрана да се вклучат намирници што помагаат во неговото подобро искористување.

— реклама —

Меѓу најпрепорачаните се масните риби како лосос, туна и скуша, кои содржат здрави масти и природно се богати со витамин Д. Истражување од 2015 година покажало дека апсорпцијата на витамин Д3 била за 32 проценти поголема кај луѓе кои го внесувале со масен оброк.

— реклама —

Маслиновото масло исто така се смета за одличен избор бидејќи е богато со незаситени масти корисни за срцето. Истражувањата покажуваат дека комбинирањето витамин Д со маслиново масло може да ја подобри неговата апсорпција.

— реклама —

Корисни се и јаткастите плодови и семките, како бадеми, ореви, индиски ореви, сончогледови семки и чиа семки. Тие содржат здрави масти, влакна и антиоксиданси и се поврзуваат со намален ризик од срцеви заболувања.

Авокадото е уште една намирница што помага во апсорпцијата на витамин Д благодарение на високото ниво на незаситени масти. Според студиите, редовната консумација на авокадо придонесува и за здравјето на срцето и контролата на телесната тежина.

Како добар избор се наведуваат и полномасните млечни производи, како млеко, сирење и јогурт, кои често дополнително се збогатуваат со витамин Д.

Од друга страна, храната богата со растителни влакна може да ја намали апсорпцијата на витамин Д, бидејќи побрзо поминува низ дигестивниот систем. На апсорпцијата можат да влијаат и високи дози витамини Е и К, како и железо и калциум.

Експертите советуваат лицата што земаат суплементи или следат специфичен режим на исхрана да се консултираат со лекар или нутриционист.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања