Промени тема
Контакт

Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање на „Нова Македонија“ по поплавата, вели директорот Томовски чии екипи работат на санацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryopvtkvetrb4qcfaRZFu

Пукната топловодна цевка на вториот кат ја предизвикала поплавата во зградата на „Нова Македонија“, каде што се сместени Министерството за образование и наука, Државната изборна комисија и повеќе други институции. Поради продирањето на водата низ електричните инсталации, струјата во објектот е исклучена, а според првичните проценки, за целосно нормализирање на состојбата ќе бидат потребни пет до шест дена.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, за „Скопје1“ вели дека хаваријата се случила околу полноќ, по што веднаш реагирало обезбедувањето од МВР.

— реклама —

„Пукната топловодна цевка ја предизвикала поплавата. Ова се случило ноќеска околу 12 на полноќ, кога веднаш реагирало обезбедувањето од МВР. Уште тогаш е исклучена струјата и екипите од СОЗР почнаа со санирање. Цевката се наоѓа на вториот кат од зградата“, вели Томовски за „Скопје1“.

— реклама —

Поради хаваријата биле активирани агрегатите, но враќањето на електричната енергија ќе следува дури откако ќе се санира влагата и ќе се утврди дека нема ризик за електричните инсталации.

— реклама —

„Се активираа агрегатите, но целосната функција ќе се врати веднаш штом се санира влагата и се приклучи струјата. Бидејќи водата течела низ инсталациите за струја и е ризично. За нормално функционирање, сигурно ќе требаат пет до шест дена“, додава директорот на СОЗР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuomijm4u9h1p2aEkNsQ

(Видео) Пукна цевка во зградата на Министерството за образование и ДИК, поплавени простории – водата стигнала до електричната инсталација

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања