Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пукна цевка во зградата на Министерството за образование и ДИК, поплавени простории – водата стигнала до електричната инсталација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryuomijm4u9h1p2aEkNsQ

Цевка од старата инсталација пукнала во зградата на „Нова Македонија“ во Скопје, каде што се сместени Министерството за образование и наука, Државната изборна комисија и повеќе други државни институции. Водата ги поплавила просториите на катот, а засега не е познато колкава е материјалната штета.

— реклама —

Според информации на „Скопје1“ од местото на настанот, електричната енергија во објектот е исклучена откако водата продрела до дел од електричната инсталација и електричните броила. Струјата е исклучена превентивно, со цел да се спречи поголема хаварија.

— реклама —

Снимките до кои дојде „Скопје1“ покажуваат како вода капе директно во близина и врз делови од електричната инсталација, меѓу кои и склопка за електричен напон.

Иако зградата не е во надлежност на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), директорот Ивица Томовски за СДК изјавил дека биле испратени екипи за да помогнат во побрзо санирање на состојбата.

— реклама —

Засега нема официјални информации за обемот на штетата, ниту дали повеќе простории се зафатени од водата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryopvtkvetrb4qcfaRZFu

Пет-шест дена ќе требаат за нормално функционирање на „Нова Македонија“ по поплавата, вели директорот Томовски чии екипи работат на санацијата

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања