Пет сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Во текот на изминатиот ден (27.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои 12 управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет возила биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.

— реклама —

Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотоцикл, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања