Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пет земји бараат дополнителна проверка пред ново напредување на Црна Гора кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
crna-gora

Холандија побара пауза во процесот на натамошна интеграција на Црна Гора во Европската Унија, со барање за дополнителна анализа и доследна примена на поставените стандарди. На барањето, според подгоричкиот „Дан“, му се придружиле Хрватска, Естонија, Литванија и Латвија.

— реклама —

Петте земји инсистираат на детална проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да бидат донесени нови одлуки. Од Брисел засега нема јасен рок кога би можело да продолжи процесот на затворање на поглавјата и да биде закажана нова Меѓувладина конференција.

— реклама —

Црна Гора досега има затворено 18 од вкупно 33 преговарачки поглавја. Последната Меѓувладина конференција со затворање поглавја се одржа во јули.

Хрватска, пак, досега даде согласност за затворање на речиси сите поглавја, но има резерви кон поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Поглавјето 31, поврзано со надворешната, безбедносната и одбранбената политика, е блокирано веќе две години.

— реклама —

Пред Европската комисија во моментов се девет преговарачки позиции, а црногорската министерка за европски прашања Маида Горчевиќ најави дека до крајот на годината ќе бидат испратени и позициите за преостанатите пет поглавја.

Според „Дан“, најоптимистичкото сценарио е следната Меѓувладина конференција да се одржи во средината на октомври во Луксембург. Сепак, актуелните разлики меѓу земјите членки оставаат неизвесност околу темпото на натамошниот напредок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Свет | пред 2 дена

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора може до крајот на годината да ги отвори сите преговарачки поглавја со ЕУ

Балкан | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора најавува напредок во решавањето на спорните прашања со Хрватска

Свет | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска бара исполнување на осум услови од Црна Гора, ЕУ ја изостави временската цел за преговорите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања