Промени тема
Контакт

Петарда му експлодирала во рака - повредено осумгодишно дете, полицијата одзеде стотици парчиња пиротехника

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Осумгодишно дете од гостиварското село Врапчиште е тешко повредено откако петарда експлодирала во неговата рака. Случајот бил пријавен на 29 декември во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентниот центар во Гостивар. По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Истовремено, низ повеќе градови продолжуваат полициските контроли за нелегална трговија и поседување пиротехнички средства. На 29 декември во село Конче, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш со судска наредба извршиле претрес во домот на К.К.(38), при што биле пронајдени 105 парчиња пиротехнички средства. Истиот ден, во село Ињево, при претрес во домот на И.К.(30) биле откриени уште 198 парчиња пиротехника. По документирањето на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

— реклама —
— реклама —

Полициските акции продолжиле и во Тетово. Во периодот од 14:40 до 19:15 часот на различни локации биле приведени А.М.(34), Н.Ф.(53) и Н.Ј.(40), кај кои била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. По завршување на постапката, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Полицијата повторно апелира употребата на пиротехника да се избегнува, особено кај деца и малолетници, бидејќи законот ја ограничува продажбата и употребата, а последиците може да бидат сериозни и трајни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye620cjbb58r7ayPJyN4

(Видео) Мало кученце трчаше по дете со моторче со една желба – да се повози со него

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9r1m5q4pb65a6Q88GwE

(Видео) Моментот кога шестгодишно дете дознава дека е совршен донор за неговата помала сестра, која има леукемија

Вирално | пред 2 седмици

media-library8kqomt7b1v0l3mH8eqc

(Видео) Едно празно кутивче за ручек и цело одделение кое реши да помогне

Вирално | пред 4 седмици

media-libraryv0f5k9eunluq0RIfGTS

Истражување: Децата што растат со кучиња имаат посилен имунитет

Трендови | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања