Петкоска: Ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
image-30-06-20-12-34

На развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид и Македонија му е посветено посебно внимание во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Континуираното зголемување на бројот на туристи преку градење на нов модел за развој на туризмот и нови туристички понуди и форми на туризам, јакнењето на маркетинг капацитети со цел промоција на Македонија како атрактивна туритичка дестинација и зајакнувањето на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство, се нашата главна цел и стратешки приоритет, истакна на денешната прес-конференцијата на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Се обврзуваме за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот. Во соработка со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномирани експерти во оваа област, ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација. Исто така, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор ќе изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и ќе го одредиме начинот на кој тие ќе се развиваат и унапредуваат во период од 5 години.

— реклама —

Се обврзуваме и за воспоставување на критериуми за организација на дестинацискиот менаџмент како главен развоен продукт на туризмот, со што ќе се приклучиме кон светските движења. Практиката на издвојување на средства за финансирање на тур-операторите која се покажа како одлична мерка за привлекување на странските тур-оператори ќе продолжи и во иднина, но нудиме и нови начини на субвенционирање на целогодишен туризам и субвенционирање на недоволно развиените туристички потенцијали.

Со цел мотивирање и поддршка на развојот на еколошко одговорни угостителски капацитети, предвидуваме субвенционирање на угостителските капацитети кои врз основа на соодветни критериуми би добиле статус Зелени хотели.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за привлекување на бренд-имиња во угостителството, хотелиерството и трговијата, со цел привлекување на краткотрајни посети од соседството и пошироко. Притоа, ќе вложиме напори за отворање на аутлет центар по примерот на голем број држави.

Свесни дека само со квалитетна понуда, нашата земја ќе може да им конкурира на другите држави во намерата за привлекувње на што поголем број туристи, ќе востановиме стандарди и насоки за подобрување на категоризацијата на сите туристички објекти.

Со воведување на алатката е-визиторс ќе ги генерираме туристичките, статистичките и економските податоци, кои се неопходни, за да ги следиме показателите за развојот, напредокот и унапредувањето на туризмот и врз нивна основа ќе ги надградуваме целите и политиките за континуиран туристички развој.

Бројот 14 за атрактивен и модерен туризам!

14 - за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот!

14 - за континуиран туристички развој на Охрид и Македонија!

15 јули - за коренита Обнова на Македонија, истакна истакна на денешната прес-конференцијата на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања