Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Петкоска: Посебен фокус ќе ставиме на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

image-26-06-20-12-30

Цврстата определба да ја исправиме македонската економија која освен од власта беше погодена и од пандемијата е нашиот врвен приоритет! Силна економија не може да се замисли без заедничка соработка и силно партнерство помеѓу државата и бизнис-заедницата и поддршка на истата преку креирање на поволни услови за водење бизнис, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.

— реклама —

За таа цел, се обврзуваме најпрвин да го подобриме правниот систем, за да ги намалиме правните бариери – непотребните закони, бројните правила и процедури, како и големиот број парафискални давачки кои го ограничуваат бизнисот и истовремено ги зголемуваат трошоците.

— реклама —

Дополнително се обврзуваме да ја зголемиме транспарентноста во постапките и да ги намалиме процедурите за добивање на разни лиценци кои ги издаваат државните институции.

— реклама —

Посебен фокус ќе биде ставен на олеснување на процедурите за микро-бизнисите и малите и средни претпријатија, за што ќе биде изработен и бесплатно промовиран каталог на економски закони кои се важни за нивното работење.

— реклама —

Зголемувајќи ја флексибилноста на пазарот на труд ќе ја унапредиме ефикасноста на претпријатијата, што ќе значи зголемена сатисфакција кај вработените, посебно кај новите родители и вработените кои се стремат кон доедукација и доусовршување.

Работодавците ќе добијат можност за пробно ангажирање на нововработени со цел да оценат дали се соодветни за понуденото работно место, а ќе ја разгледаме и можноста за ангажирање за сезонска работа за средношколци и пензионери. На тој начин ќе се намали недостатокот на работна сила, а ќе се зголемат можностите за дополнување на семејните буџети.

Младите ќе ги развијат работните навики, одговорноста, етиката и моралот, а работоспособните пензионери ќе го продолжат работниот век без да ги загубат своите пензии.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за континуирани реформи за подобрување на бизнис-климата во согласност со препораките на Светска банка, со што ќе го вратиме имиџот кај странските инвеститори кои на нашата земја ќе гледаат како на следна дестинација за бизнис-инвестиција и отворање на нови работни места.

15-ти јули е блиску, а изборот никогаш полесен!

14 за силен и конкурентен бизнис-сектор!

14 за силна и стабилна економија!

14 за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија!

14 за обнова на Охрид и Македонија, истакна на денешната прес-конференција на Лидија Петкоска, кандидат за пратеник во ИЕ5.

фото: ВМРО ДПМНЕ

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања