Од денеска Комисијата за заразни болести има нов состав и со неа ќе раководи д-р Александар Петличковски,директор на Институтот за имунологија.
Портпарол на Комисијата ќе биде доктор Злате Мехмедовиќ. Претседателот на Комисијата кажа дека новиот состав ќе ги следи научните сознанија за коронавирусот.
„Ние нема да работиме на принцип – во Англија се фрлија маските па и ние ќе ги фрлиме. Во Македонија условите се специфични и затоа не може еднострано да се прифаќаат одлуки. Денес имавме дискусија за почетокот на учебната година, скринингот во училиштата, за употребата на сертификатите и набрзо ќе излеземе со првите препораки. Се надеваме дека релативно кратко ќе трае ситуацијата и потребата за чести состаноци“, рече Петличковски.