Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Петличковски за Фокус: Трета доза од друга вакцина за граѓаните кои нема да развијат антитела од кинеската?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vakcini-5

За граѓаните кои нема да развијат антитела и после примањето на втората доза на кинеската вакцина „Синофарм“, треба да се размислува да примат и трета доза од друга вакцина, вели за „Фокус“ Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија.

— реклама —

Дебатата за трета доза ја отвори објавеното истражување на Институтот за медицински истражувања во Белград, според кое петина од вакцинираните со кинеската вакцина во Србија не развиле антитела, а тоа се главно лица постари од 70 години. На прашањето од Фокус, што е со клеточниот имунитет којшто исто така го создаваат вакцините, Петличковски објаснува дека кинеската вакцина, доминантно создава хуморален имунитет, односно антитела, додека клеточниот имунитет не е јака страна на оваа вакцина.

— реклама —

Микробиологот, Никола Пановски на прашањето дали ако не се развијат антитела од кинеската вакцина тоа значи дека лицето не е заштитено од несакани последици од болеста, тој вели дека тоа не се знае, бидејќи нема доказ за имунитет.

— реклама —

-Можеби има клеточен имунитет кој не може да се докаже со вообичаени тестови, вели Пановски кој објаснува дека повозрасните потешко создаваат имунитет од било која вакцина.

— реклама —

Текстот во целост на: „Фокус“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања