Петнаесетти „Марш на ангелите“ во Кочани – во знак на болката, но и упорната потрага по правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
kocani-puls-protest-7

Четири месеци по трагедијата што го потресе Кочани и целата држава, Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ вечерва го организира 15. по ред „Марш на ангелите“. Маршот, посветен на сеќавањето на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе започне во 18:05 часот, од Паркот на револуцијата.

— реклама —

Во соопштението од Здружението, родителите на жртвите повикуваат на заеднички тивок марш – како симболично потсетување на институционалниот молк и реакцијата што доцнела, но и како повик за будност, одговорност и правда.

— реклама —

„Маршираме во тишина која зборува гласно – ова никогаш повеќе не смее да се повтори. Ниту за едно дете, ниту за една мајка“, се наведува во повикот.

— реклама —

Почетното време на маршот – 18:05 – е намерно избрано, велат организаторите, како симбол на доцнењето што чинеше човечки животи.

Во меѓувреме, Кривичниот суд соопшти дека им е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката. Постапката сега официјално ја презема Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе го води понатамошниот тек на предметот.

Според обвинителниот акт, вкупно 37 обвинети – 34 физички и 3 правни лица – се товарат за тешки кривични дела против општата сигурност.

На 16 март 2025 година, во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ животите ги загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца. Над 200 други беа повредени. Семејствата, јавноста и граѓанскиот сектор и натаму бараат одговорност – не само за сторителите, туку и за сите институции чие (не)делување доведе до ваков епилог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања