Петровска го демантира Заев: Најостро реагираме дека сме дел од пазарењето за локалните!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
zaev-petrovska-

Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје на „Зелен хуман град“, ја демантираше изјавата на премиерот Зоран Заев во која, според нејзиното тврдење, кажал дека има договор меѓу неа и него за поддршка на неговата партија во вториот круг на изборите во Скопје.

— реклама —

„Јас сум независен кандидат предложен од иницијативата ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и се изборив за правото да се кандидирам за градоначалник со собрани 1000 потписи. Јас и ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД не сме поддржани, ниту поддржуваме било која политичка партија! Затоа, најостро реагираме на обидите за доведување на гласачите во заблуда дека сме дел од пазарењето што го прават повеќето политички партии за овие локални избори! ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ужива огромна поддршка и симпатии за своето активистичко делување и критиките на штетните политики на Градот Скопје. Граѓаните ги отфрлаат партиските манипулации и не дозволуваат да продолжи бетонизацијата на градот, сечењето дрвја и расфрланиот отпад“, пишува Петровска.

— реклама —

„Затоа партиски гласноговорници се насочени кон дефокусирање на гласачите - делегитимирање на нашата независност и наше поврзување со политички партии од власта и опозицијата. Партиите постојано се договараат на штета на граѓаните: неодамна парламентарните партии, се обидоа противуставно да го изменат Изборниот законик и да наметнат да се собираат 10 пати повеќе потписи за независните листи да добијат право да учествуваат на избори. Опозициска партија се договори со големите партии 7% медиумски простор да добијат опозициските парламентарни партии без пратеничка група, а само 3% да делат партиите вон парламентот и независните кандидати. Ние не се пазариме со гласовите на скопјани, бидејќи сите ние сакаме Скопје да стане ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД. Имаме визија, знаење и искуство и нашата понуда е препознена од скопјани. Тоа ќе се покаже и во првиот и во вториот круг од гласањето“, додава Петровска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања