„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Петровска го крши Законот за одбрана и ги изложува мисиите, а со тоа и припадниците на АРМ на дополнителен ризик, вели Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
318123641_553339360135225_7025255671353924721_n

Помина цел месец откако јавно обелоденивме дека Министерката за одбрана давала плата на лица со трајна или времена ограниченост за воен рок, дека за заминување на мисија се дава мито, дека на лица кои не ги исполнуваат условите и критеримите Министерката им засновала работен однос во МО како подофицери и сега истите треба да им бидат претпоставени на лица кои ГИ исполнувале условите, ама ним работниот однос им останал под договор, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Значи, јавно посочивме криминал и корупција во редовите на МО и директно посочивме дека имаме сериозни сомнежи, но и докази кои и' беа отстапени на Министерката за одбрана, но досега не видовме никакви преземени активности од страна на надлежните институции.

Случаите беа чисти и требаше веднаш да се постапи.

— реклама —

Но, наместо со сериозност да се пристапеше кон изнесените факти, Министерката за одбрана си продолжи со вродениот СДС-овски инает и продолжи да ги крши законите, да ги омаловажува офицерите и подофицерите и да стимулира корупција во редовите на МО.

Само за пример, на мисии во странство кои ги плаќаат граѓаните, наместо истата да се корегираше после изнесените факти од наша страна, министерката не реагираше и во мисии си испратила лица:

- подофицери на војнички места,

- котлари на место стрелци,

- експерти за муниција на место болничари.

Значи, ја надмина дури и претходната Министерка која пак упатуваше лица без дообука за теренски возила на место возачи.

Ваков аматеризам со упад во формациските состави на единиците од страна на цивили кои не разбираат што значи војничка хиерархија и потреба од секоја специјалност токму така како што е пропишано, немам видено.

Министерке Славјанка Петровска, има причина зошто во една единица имате командир, заменик, стрелци, снајперисти, болничари итн.

Тоа што го правеа и се' уште го прават кадрите на СДС и ДУИ не може да се оправда и заслужува осуда од плаќачите на даноци - граѓаните на Македонија.

Еве недај Боже да затреба болничар на единицата, кој ќе ја врши таа улога, муницијашот ли?

Колку пати треба ова да повториме за да насадените од СДС сфатат дека војската не смее да биде ничија играчка, затоа што си играат со човечки животи?

Славјанка Петровска со нејзините постапки го крши Законот за одбрана и ги изложува мисиите, а со тоа и припадниците на АРМ на дополнителен ризик.

Од кои причини, самата треба да и' објасни на македонската јавност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања