Промени тема
Контакт

Петровска: Радмила благодарам, Армијата има сојузник во мене

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-17-at-10.40.39

Новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска, посочи дека ќе вложи напори за засилување на одбраната во хибридни напади, засилувајќи го центарот за борба со лажните вести. Таа најави купување на опрема за таа цел, обуки и вежби. Според Петровска, ќе се бори и за административците во одбраната да го добијат својот статус преку Законот кој е во собраниска процедура. Таа е децидна дека ќе одлучува според Уставот и законите.

— реклама —

„Драга Радмила, во мое име и во име на граѓаните, Ви благодарам за остварување на оваа стратешка определба. Членството во НАТО е признание во вашата работа. Членството во НАТО не е само признание на политичките процеси, туку и подготвеноста на нашата Армија за прифаќање на НАТО стандардите. Свесна за досегашниот влог, пред мене има сериозен предизвик, да го сочувам она што е постигнато и да бидам двигател во процесите кои престојат. Да се биде земја членка на НАТО значи да се покаже капацитет за предизвиците. Затоа процесите кои се започнати ќе продолжат со поголема динамика. Моја цел ќе биде стабилно финансирање на одбраната. Нема силна одбрана без модерна армија. Ќе се модернизира Армијата. Нема силна одбрана без задоволни припадници на Армијата, затоа ќе продолжам да водам сметка за животниот стандард. Ќе продолжи обновата на објектите и ќе продолжи инвестирањето на армискиот полигон Криволак“, кажа Петровска.

— реклама —
— реклама —

Таа е децидна дека ќе го зачува угледот на Армијата, а на припадниците им кажа дека во нејзе треба да гледаат сојузник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања