Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Петрушевска: Само на СДС и ДУИ не им беше јасна намерата на Бугарија, уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ јасно ги застапува државните интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petrusevska

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ алармираше и претходно и сега за актуелните случувања во Европскиот парламент, што ја засегаат земјава, и додаде дека на сите им беше јасна тенденцијата на источните соседи освен на СДС и ДУИ.

„Се чини дека на сите им беше јасно но само не и на СДС и ДУИ за тенденцијата на нашиот источен сосед кога станува збор за ова билатерално прашање и каде тоа нас не води односно каде тоа не не води. Денеска сведочевме дека европратеникот од Бугарија господинот Ковачев соопшти на јавноста дека е постигнат договор помеѓу најголемите политички партии во европскиот парламент во пресрет на сесијата на Европскиот парламент која што ќе се случи веќе наредната недела за нов амандман, со кој што ќе се избришат постоењето на македонскиот јазик во извештајот на известувачот Томас Вајц на сите места каде што се споменува“, рече Петрушевска.

— реклама —
— реклама —

Петрушевска истакна дека според актуелните случувања, уште еднаш се потврдува кредибилтетот на ВМРО-ДПМНЕ, што според неа, партијата алармираше уште за време на опозицијата, а и сега како парламентарно мнозинство.

— реклама —

„Прво, се поставува денес прашање, дали во континуитет со однесувањето на Бугарија на нашиот источен сосед и на Комисијата за надворешни работи, и сега со новонајавеното соопштение за новиот амандман во Европскиот парламент. Не се прекршува темелот на основање на ЕУ а тоа е договорот на ЕУ, односно член 2 и второ, уште еднаш се потврдува кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ кога алармиравме и како опозицијата но и сега како парламентарно мнозинство9 и влада дека Бугарија нема да запре со барањата за вметнување на тестот и на Бугари во Уставот“, кажа Петрушевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 2 дена

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања