Промени тема
Контакт

Петрушевска: За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години се направи охрабрувачки чекор во делот со борбата со корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library8fj4dd2nbpsa30fAKxN

Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс се осврна на темата за Самитот на Европската унија-Западен Балкан, при што истакна дека Македонија останува цврсто посветена на реформите,  регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

— реклама —

„Овој Самит претставува исклучителна можност, токму  челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување, како дел од својата геостратешка определба и приоритет кога станува збор за силна и обединета Европа. Сите земји од Западен Балкан, не само географски, туку и културолошко припаѓаат во тоа европско семејство. Овој Самит е дел од таа стратешка агенда на ЕУ со којшто ќе се потенцира или повторно ќе се адресира прашањето, дека политиката на проширување особено кога се однесува на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија е високо на агендата“, посочи Петрушевска и додаде:

„Очекуваме на овој Самит  да се адресираат и прашањата кои што ги засегаат и регионот, а во којшто е вклучена и Македонија. Тоа е регионалната соработка, потоа прашањата кои што се поврзани со надворешната и безбедносната политика. Во овој дел, Македонија е навистина во еден чекор понапред споредбено од нашите соседи“.

— реклама —

Петрушевска додаде дека во последниот Извештај на Европската комисија, во делот на надворешните односи, како што вели таа, се потенцираше дека земјата останува во целост усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

— реклама —

„Меѓутоа, за прв пат се споменува и се поздравува пристапувањето на СЕПА и партнерството кое што  Министерството за одбрана го потпиша со ЕУ, а тоа се однесува на безбедност и стабилност“, кажа Петрушевска.

Според неа, борбата со корупцијата заедно со владеењето на правото е темелот на процесот на проширување.

— реклама —

„За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години навистина се направи еден охрабрувачки исчекор во делот со борбата со корупцијата и би сакала ова да го поткрепам со факти. Повикувајќи се токму на Извештајот од Европската комисија, после два последователни најлоши извештаи во 2023 и 2024 година, конечно 2025 година ја бележиме со еден охрабрувачки раст од една оцена 1,55 и со една тенденција 3,11 за подготвеноста во делот на  усогласување со европското законодавство“, заклучи Петрушевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 9 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 9 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања