Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Дали Филипче имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryn3jp7nqik66taTRHQPa

Венко Филипче за седум години власт на СДС очигледно во фокусот му биле само работи од негов личен интерес и интерес на неколумина негови другари, а главните зделки ги планирал со менторот Заев, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Една од нив е и идејата, поточно планот да ја преземат Клиничката болница Жан Митрев. Случај кој се актуелизираше по неодамнешната изјава и потврда за ова од доктор Жан Митрев.

Шемата како во сите случаи, така и во овој се користење на исти нивни техники, изнуда, притисоци, влијание во судски постапки како што и му нуделе на Митрев.

— реклама —

Очигледно планот за преземање на приватна болница не им поминал, што е добро затоа што практично тоа ќе значело да си ги приватизираат парите на граѓаните за нивни цели.

Филипче дека имал добро подготвен план говори еден клучен факт, а тоа е зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Тоа е класичен план за присвојување на пари на граѓаните за лична корист или приватизирање на народни пари.

Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали навистина имал за цел со преземање на Клиничката болница Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот.

Исто така, јавното обвинителство несомнено да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.

Граѓаните заслужуваат одговори, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за интересите на народот“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања