„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Петрушевски: Дали Филипче планирал приватизација на јавни пари преку Жан Митрев?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryuu75pb4a4cp47plHBXh


Случајот со Клиничката болница Жан Митрев и волјата на Венко Филипче да ја присвои во време кога СДС беше на власт е еклатантен пример за расипничко и деструктивно однесување, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„Овој случај покажува каде Филипче ги пренасочувал парите на граѓаните и зошто, а покажува и дека вршел притисок и ветувал помош во судски случаи.

Филипче со однесувањето во овој случај покажува дека неговиот интерес почнува и завршува само ако тој и негови блиски имаат ќар, што го води исклучиво кон криминални мрежи.

Филипче стана министер за здравство во Владата на СДС кон крајот на 2017 година и веројатно заедно со другар му Зоран Заев кројат план за зголемување на буџетот на приватната клиника.

Па така, буџетот на болницата во 2020 година кога на власт се двајцата достигнал околу 11 милиони евра, или тоа се пари на граѓаните кои ги префрлиле на конто на болницата.

Тоа е дупло зголемување на буџетот на болницата кој во 2015 година бил околу 5,8 милиони евра.

Очигледно ова бил добро подготвен план за преземање на болницата преку зголемување на буџетот на истата.

Ако му успеал планот значи дека Филипче ќе направел приватизирање на јавни пари.

Големо намалување на сумата на народни пари на контотото на болницата следи во 2025 година кога се префрлени околу 7,7 милиони евра.

Ова е случај кој несомнено треба да има правна завршница“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања