Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија мислејќи дека така ќе дојдат на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryajqpkr818n5rakLmgQC

 

— реклама —

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

— реклама —

„Она коешто сега се случува е многу сериозна ситуација затоа што ние имаме едно странско мешање во внатрешните работи на Република Македонија преку лажни вести. Пред некој ден беше споделена јавно дипломатска нота, нешто што е невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на тие односи, на нашиот премиер, на неговото семејство. Во којашто беа изнесени информации за регистрација на возила, лични документи, локација на престој итн. Нешто што е невидено во дипломатскиот свет до сега. Ние такви ноти како држава, исто така, добиваме секојдневно и тоа никогаш не сме ни помислиле како држава, таква информација да биде изнесена“, рече Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски додаде дека во Македонија беа споделувани информации дека одредени функционери, коишто патем не беа ни правилно именувани, имале бугарски пасоши што е апсолутна невистина, но она што загрижува е тоа што бугарска пропаганда, сега за првпат во државата, е користена од страна на една политичка партија во опозиција којашто гради наратив врз основа на ваквите лажни вести.

— реклама —

„Суштината ми е дека тие лажни вести, информации ги пласира Бугарија, а овде имаме домашна политичка партија која врз основа на тие лажни вести потоа држи прес-конференции и гради наратив за да одработи за интересите на Бугарија и за да успее да наметне мнение во јавноста дека ставањето на Бугарите во Уставот не е ништо страшно и тоа е нормална работа“, кажа Петрушевски и додаде:

— реклама —

„Идејата на целото тоа е она што СДС знае да го прави, а тоа е дека тие не очекуваат граѓаните нив да ги донесат на власт, туку тие очекуваат дека одредени странски сили ќе направат одредени потези во Македонија и нив ќе ги доведат на власт, затоа што се свесни дека тие пред граѓаните секако губат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 21 час

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања