Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче како министер за здравство и Заев како премиер, ја искористувале државата за свои интереси, со тоа што преку ФЗО ја зголемиле сумата која ја добива болницата од државата.
Од моментот кога доаѓаат на власт, за само три години, од 2017-2020 година, Филипче и Заев ја зголемиле сумата за болницата Жан Митрев во вредност од над 320 милиони денари, или околу 5 милиони евра, државни пари од ФЗО. Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари.
Намерите на Филипче и Заев биле далеку од чесни, а доказ за тоа е сведоштвото на др. Жан Митрев кој јасно кажа дека преку притисоци и уцени овие двајца сакале да му ја одземат болницата за далеку пониска цена од пазарната.
Филипче и Заев не се штеделе и не бирале средства за да ги задоволат своите апетити. Ургирања во судството и обвинителството, искористување на ФЗО, и најважно, злоупотреба на парите на граѓаните за приватни интереси.
ЈО да го истражи случајот, правда мора да има“, се вели во соопштението.