Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поврзувајќи ги со, како што рече, низа скандали и сомнежи за криминал поврзани со производство и трговија со марихуана.

Петрушевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, името на Зоран Заев се појавува во речиси сите случаи во кои постои сомнеж за криминал, заедно со Венко Филипче, кого го нарече негов близок соработник. Тој оцени дека јавните настапи на Заев се, како што рече, „изблик на нервоза“ поради наводи дека лица блиски до него биле фатени „на лице место“.

Пратеникот тврди дека Заев не ја говори вистината кога вели дека не гради во Дубаи и дека постојат јавни сведоштва според кои и тој и Филипче поседуваат т.н. златна виза. Според Петрушевски, Филипче претходно објаснувал дека визата ја добил како лекар, а постави прашање врз која основа Заев ја добил истата.

Во обраќањето, Петрушевски истакна дека, според ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од Заев била основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија. Тој тврдеше дека околу 70 проценти од запленетата дрога ѝ припаѓа на фирма поврзана со кадар на СДСМ, односно со лице блиско до Заев, додавајќи дека само во текот на вчерашниот ден во струмичкиот регион биле запленети околу 30 тони дрога.

— реклама —

Како што наведе, станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, која, според неговите зборови, е поврзана со Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, при што формалната сопственост била на неговиот син, Христијан Котев. Петрушевски додаде дека Котев бил познат и по бизнис-релации со Вице Заев.

— реклама —

Тој изјави дека, според документи со кои, како што тврди, располага ВМРО-ДПМНЕ, фирмата на Котев во период пократок од шест месеци во 2025 година испорачала 19 тони марихуана до скопска фабрика, каде што подоцна започнала полициска акција. Дополнително посочи дека дозволата за работа фирмата ја добила во 2020 година, кога премиер бил Заев, а министер за здравство Филипче.

Петрушевски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажувала оти лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале на лица блиски до Заев, а не врз основа на исполнување на законските услови, наведувајќи и други примери на фирми кои добиле дозволи во истиот период.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија апел до Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата во која била запленета марихуаната, како и да се утврди зошто, според нивните тврдења, Заев лично се интересирал и контактирал со државни институции во врска со случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.

Петрушевски порача дека борбата против криминалот, според ВМРО-ДПМНЕ, е јасна и дека, како што рече, ќе дојде крајот на „наркокартелот на Заеви“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски сега ја анализира водата во Гостивар, додека граѓаните сѐ уште се трујат

Македонија | пред 12 часа

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

„100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените“, вели СДСМ

Македонија | пред 16 часа

media-libraryog87t9jodr220cKhxQe

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Македонија | пред 19 часа

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин“, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања