Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Петта жртва од западнонилска треска во земјава, четворица пациенти се во тешка состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m
Илустрација / Скопје1

Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјава, со што бројот на смртни случаи од оваа инфекција се искачи на пет, информираше директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Станува збор за 73-годишен пациент од скопската населба Ново Лисиче, кој бил хоспитализиран на Клиниката 22 дена.

— реклама —

Пациентот бил примен во исклучително тешка состојба, со сериозна клиничка слика и повеќе придружни заболувања. Бил лекуван на Одделот за интензивно лекување и бил ставен на респираторна поддршка, но и покрај преземеното лекување, починал.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 21 пациент.

— реклама —

Кај 18 од нив е потврдена инфекција со вирусот на западнонилската треска со невроинвазивна форма, додека тројца се водат како суспектни случаи.

— реклама —

Од Клиниката информираат дека речиси секојдневно се примаат нови пациенти, поради што бројот на хоспитализирани постојано се движи околу 20 до 21 лице.

Четворица пациенти и натаму се во тешка општа состојба и се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека останатите се сместени на Одделот за невроинфекции.

— реклама —

Според Цана, најтешка клиничка слика најчесто имаат лицата во повозрасна доба. Меѓу хоспитализираните, сепак, има и 25-годишен пациент.

Досега 19 пациенти се излекувани и се отпуштени од Клиниката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања