Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пијан 19-годишник без возачка дозвола се забил во бетонски столб па во излог во село Пирок, тројца тешко повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarycpn9g3mq12ae3u5VslC
Фото: Илустрација

Тројца сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во селото Пирок, Општина Боговиње. Сообраќајката ја предизвикал 19-годишен возач кој бил под дејство на алкохол и не поседувал возачка дозвола.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 24 октомври 2026 година, во 04:10 часот.

— реклама —

Во несреќата учествувало патничко возило „Фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од Пирок. Возилото удрило во бетонски столб од куќа, а потоа и во излог на објект во сопственост на 45-годишен жител на селото.

Тројцата сопатници со иницијали А.Р., А.М. и А.Р. се здобиле со тешки телесни повреди. Другиот сопатник, Е.К., и возачот поминале со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Клиничката болница во Тетово.

— реклама —

При увидот, полициската екипа утврдила дека 19-годишникот го управувал возилото под дејство на алкохол. Алкотестирањето покажало 1,29 промили алкохол во крвта, а дополнително било утврдено дека не поседувал возачка дозвола.

Возачот бил лишен од слобода, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh00542jtboe03EHRGhN

Малолетник од Боговиње случајно застрелал 15-годишник во стомакот

Македонија | пред 2 минути

— реклама —
media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

Пример за чесност: Млад делчевец пронашол лични документи и над 200.000 денари во пари, па ги предал во полиција

Македонија | пред 22 минути

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Со 1,45 промили алкохол удрил во мотоциклист во Марвинци, 57-годишник тешко повреден

Македонија | пред 44 минути

media-libraryjeeo46gjgks9eFdhvo7

Смртоносна сообраќајка кај Радичево: Загина 58-годишен маж, 19-годишник возел со 1,32 промили алкохол

Македонија | пред 57 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања