Промени тема
Контакт

Пијани, без возачка, со брзо возење - десетици казни во Тетово и Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0052

На 16.01.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 13 во населено место и 8 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци, од кои 16 за управување возило без возачка дозвола, 9 за управување возило под дејство на алкохол и 1 за непрописно паркирање.

— реклама —
— реклама —

Ноќта (15/16.01.2022) во периодот од 21.00 до 03.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, во рамки на континуираните контролни активности за откривање и санкционирање на лица кои управуваат под дејство на алкохол, откриле и санкционирале 11 возачи (ТЕ-9 и ГВ-2) кои управувале возило под дејство на алкохол и еден возач во Тетово кој одбил да се алкотестира. Тие веднаш биле исклучени од сообраќај. При контролата биле констатирани и санкционирани и 32 останати прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-12). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања