Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пилот во Аргентина скокна од авион среде лет, ученичката морала сама да слета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarynl85hd2eoef72iTzc1t
фото: unsplash

Во Аргентина се случи несекојдневна трагедија откако инструктор по летање скокнал од мал авион за време на лет, оставајќи ја својата 22-годишна ученичка сама да го приземји леталото.

Според аргентинското државно обвинителство, телото на 42-годишниот Леандро Андрес Бертацо било пронајдено по инцидентот што се случил минатата сабота во градот Толедо, во централниот дел на земјата.

Ученичката Росарио изјавила дека непосредно пред да скокне, инструкторот ѝ рекол: „Знаеш што треба да правиш, само продолжи“, по што ги извадил слушалките, го откопчал безбедносниот појас, ја отворил вратата и скокнал од авионот.

— реклама —

И покрај шокот, младата пилотка успеала безбедно да ја приземји „Цесна 150“, а леталото не претрпело никакви оштетувања.

Директорот на школата за летање „Flying Parrot Córdoba“, Едуардо Алварез, изјави дека ништо не укажувало дека Бертацо планирал таков чин. Тој посочи дека инструкторот истиот ден претходно имал уште еден тренажен лет со друг ученик.

— реклама —

„Тоа е трагична одлука што ја донел додека бил во авионот со друго лице. Невозможно е да се разбере, но човечкиот ум е многу сложен“, изјави Алварез.

— реклама —

Тој го опиша Бертацо како искусен пилот и инструктор со долгогодишно искуство, кој работел и во соседното Чиле.

Обвинителството најави истрага за да ги утврди сите околности што довеле до неговата смрт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, загинаа седум лица

Свет | пред 5 дена

media-libraryj8bgnq5k8pn26U3WMa4

(Видео) Аргентина ги пречека своите фудбалери, но Меси не беше меѓу нив

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryo7ma4sl20sekermlSc4

Олмо по хаосот во финалето: Освен Меси, сите како да чекаа причина за тепачка

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryl1lfohl3rkc85QOr5OW

Аргентина доби надеж? Медиумите тврдат дека Белингем е повреден

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања