После трските во езерото, сега во Струга ги запалија и плнините !
Локализиран е пожарот што вчера зафати голема површина нискостеблеста шума на планината Караорман, во близина на струшкото село Делогожда.
Поради непристапноста на теренот, кој е висок и стрмен екипите на Територијалната против-пожарна единица од Струга не можеле да интервенираат, а на негово локализирање и целосно гасење работат екипи на Шумското претпријатие.
Територијалната противпожарна служба во Струга има шест камиони и две теренски возила. Двете цистерни се некаде околу 1979 – 1980 година, а кои моментално не се исправни. Службата нема ниту доволен број на пожарникари. Располага само со 32, што е далеку од законски утвредениот минимум. Имаат потреба од најмалку десет нови пожарникари. Оваа служба само за половина месец од март имале 54 интервенции. Токму поради овие проблеми, Струшките пожарникари при поголеми интеревенции помош бараат од Охридската против пожарна служба.
Екипите на Струшката пожарна, како што информира за МИА заменик командирот Ристе Талевски, утрово интервенирала на два пожара во селата Боровец и Лабуништа.
-Уште еднаш ќе упатам апел до населението да не пали оган на отворено, кој што лесно може да излезе од контрола и да предизвика несакани последици, изјави Талевски.
Полицијата најави зајакнати мерки за превенција од пожари и санкции за лицата што ќе предизвикаат пожар.