Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
zmija-1
Илустрација

Необична глетка ги изненадила вработените во основно училиште во Нов Белград, Србија, каде што во училишниот двор бил пронајден топчест питон долг околу 40 сантиметри. Змијата била отстранета од надлежните, а според неофицијални информации, се јавил и нејзиниот сопственик.

— реклама —

Питонот го забележал маж кој го чистел училишниот двор. Змијата била свиткана во топка и исплашена, а подоцна почнала да шишти кон луѓето кои се обидувале да ја земат.

— реклама —

Училишната управа брзо реагирала и ги повикала надлежните служби, кои ја отстраниле змијата. Бидејќи станувало збор за млад питон, долг околу 40 сантиметри, се појавила загриженост дека во близина можеби има и други змии.

Сепак, според неофицијални информации, се јавил маж кој потврдил дека питонот е негов и дека му испаднал од ранецот.

— реклама —

Топчестиот питон потекнува од западна и централна Африка и е меѓу популарните змии што се чуваат како домашни миленици поради мирниот темперамент. Возрасните единки најчесто достигнуваат должина од 1,2 до 1,5 метри.

Името го добил по одбранбената реакција кога ќе се почувствува загрозен – се свиткува во топка и ја сокрива главата во средината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vucic-brnabic

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

Свет | пред 17 часа

— реклама —
unnamed-1-830x0

Експлозија среде ноќ во Белград: Непознат напаѓач фрлил рачна бомба врз фитнес-центар

Свет | пред 20 часа

media-library1c16j9todtrud3N0nca

(Видео) Непријатна расправа во живо на српска телевизија: „Што правам јас овде?!“, аналитичарот ја збуни водителката, член на СНС сакаше да си замине

Настани | пред 21 час

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Амбасадорката на Израел по нападот во Белград: „Шокирани сме, ова е закана за сите нас“

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања